Aриел Кастро, обвинет за киднапирање и силување на три жени во текот на десет години во својата куќа во Кливленд, Охајо, е татко на девојчето родено пред шест години, потврди ДНК анализата, објави Си-Ен-Ен.
Кастро е татко на девојчето кое го роди една од жртвите, Аманда Бери, изјави обвинителот Мајк де Вајн.
Бирото на обвинителот ДНК примерок доби во четвртокот навечер, а експертите по судска медицина работеле цела ноќ и потврдија дека Ариел Кастро е татко на девојчето.