Претседателот на шпанскиот регион Каталонија, Артур Мас денеска го потпиша декретот за референдум за независност, кој ќе се одржи на 9. ноември годинава.
Владата во Мадрид декретот го оцени како кршење на шпанскиот Устав и најави дека ќе го блокира одржувањето на референдумот.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој свика специјална седница на Владата за референдумот во Каталонија.
Шпанската Влада планира да го оспори пред Уставниот суд неодамна усвоениот каталонски закон кој овозможува одржување на референдум за независност.
Минатата недела каталонскиот парламент гласаше да се одржи референдум за независност во ноември: 106 пратеници беа за, а 28 против