Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Катастрофално ниско ниво на вакцинација на децата Роми

0
By Менче Атанасова Точи on April 24, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Опфатотот со вакцинација кај децата Роми е под националниот просек и се движи од 35 проценти па нагоре за различни вакцини, објави невладината организација ЕСЕ. Патронажните сестри минатата година наместо девет пати, ромските заедници го посетиле само 2, 5 пати. Дури 65 проценти од Ромите не добиле никаква покана за вакцинација. Жените Ромки бараат да ги посетат тимови за вакцинација во кои ќе има и вработени Роми, за да можат подобро да се разберат бидејќи голем дел од нив, особено тие во зафрлените населби не разбираат добро македонски јазик.

-Ниту Ром, ниту Албанец, ниту Македонец нема донесено покана, ние не знаеме нашите деца кога треба да ги вакцинираме,а после ни доаѓаат казни. Сакаме да не прифатат како рамноправни. Ве молиме да донесат тимови за вакцинација со патронажна сестра Ромка бидејќи со неа подобро ќе се разбереме, рече Мустафа Ашима од Брсјчка населба Шуто Оризари.

Во 2011 година Министерството за здравство одвои 2,9 милиони денари за превентивна заштита на децата во ромските заедници. Во 2014 година буџетот е намален за цели 1,6 милион денари велат од ЕСЕ.

-Имам девет деца, осум внуци, некои се вакцинирани некои не се, имам и непријавени деца. Живеам 28 години по улици, во оваа населба сум осум години без струја телевизор, немаме вода, канализација,немаме каде периме. Децата ни се болни. Зошто не доаѓаат патронажни сестри Ромки, вели една жена од ромската населба „Полигон“ во Скопје.

Овие луѓе живеат во супстандардни услови, храна и облека собираат по котејнери, нивните живеалишта се извор на заразни болести. Сите се социјални случаи и за нив е проблем за да ги однесат децата на лекар за ги вакцинираат.

-Покана и да има, немам пари да му купам сируп против температура, инаку знам дека е добро да се вакцинираат децата. Посебно во услови во кои ние живееме, без купатила во лоши услови за егзистенција вели Мишреф Ибарим од Делчево.

За да се ублажи состојбата со катастрофално ниското ниво на вакцинација на децата Роми, од ЕСЕ препорачуваат да се формираат мобилни тимови за ги пронајдат и вакцинираат децата Роми, спроведување едукативни работилници во ромските средини, вработување на патронажни сестри Ромки и курири Роми, како и плаќање на патните трошоци за вакцинација на децата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.