На само две минути пред полноќ, навивачите од „црвениот“ дел на Манчестер можат да здивнат. По денешната објава дека клубот ги носи Алекс Телеш од Порто и Амад Траоре од Аталанта, црвените ѓаволи со објава за „бомба“ трансфер – Единсон Кавани е нов играч на Манчестер Јунајтед.
33-годишниот напаѓач пристигнува како слободен агент со договор за 1 + 1 сезона со неделна плата од 200.000 фунти. Последен пат играше за Пари Сен Жермен, каде забележа неверојатна кариера, станувајќи стрелец бр.1 во историјата на клубот.
Тој на „Олд Трафорд“ ќе го носи дресот со бр.7, кој претходно беше на грбот на играчи како Дејвид Бекам, Кристијано Роналдо и Ерик Кантона.