Жестока расправа меѓу членовите на ДИК предизвика приговорот од ВМРО – ДПМНЕ за гласачко место со број 2844 од Центар.
Станување од место и напуштање на седницата во момент пред да започне гласањето, тоа беше атмосферата денеска во ДИК.
Овластениот претсваник на ВМРО – ДПМНЕ, Илија Илијоски рече дека на ова место се агитирало и се вршело притисок врз гласачите.
На ова претседателот на ДИК, Борис Кондарко одговори дека тоа се паушални забелешки, бидејќи не е наведено кој врз кого вршел притисок.
Членот на ДИК, Виолета Дума додаде дека воопшпто не треба да се расправа за овој приговор бидејќи е доставен после истекот од рокот, односно надвор од законското време.
Досега ДИК одби 3 од 66 приговори за општина Центар поднесени од ВМРО – ДПМНЕ.