Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Казанџиска: Училиштата се подготвуваат за новиот начин на полагање на државна матура

0
By Marija Todorovska on April 2, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Речиси сите училишта во државата се подготвени за новиот начин на полагање на државна матура. Исклучок е само едно училиште во Скопје, на кое се работи во моментот, истакна денеска државниот секретар во Министерството за образование и наука, Билјана Казанџиска.  Согласно начинот и просторот на полагање, оваа година има измени со тоа што учениците ќе полагаат во сали наместо во училниците како претходните години. Таа посочи дека целта е матурата да се спроведе на поефективен начин за разлика од претодните години.

– Државниот испитен центар заедно со државниот матурски одбор, веќе неколку пати одржаа состаноци, на кои беше разговарано за начинот на полагање на државна матура и прилагодување на простор, каде што учениците ќе полагаат матура. До сега немаме никакви проблеми сите училишта имаат фискулутрни сали, холови каде што учениците ќе полагаат матура. Имаме само проблем во Скопје, но наскоро тој проблем ќе биде решен и тие ученици ќе полагаат на отворен простор. Искуствата од минатата година покажаа дека контролата на учениците во затворени простории во смисол на користење на мобилни телефони, и поткажување не беше баш ефективен, вели Казанџиска

Државната матура опфаќа задолжителен дел, изборен дел и проеткна задача. Таа служи за селекција на кандидатите за запишување на високо образование. Во Штип во средните училишта има пријавено 475 ученика кои ќе полагаат државна матура, 104 кои ќе полагаат завршен испит и тројца ученика кои ќе полагаат училишна матура. 

државна матура Казанџиска полагање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.