Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 161 меркa, од кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола и 10 санкции за технички неисправни возила.
Како што соопшти МВР, изречени се и осум мерки за возач почетник, 13 за зборување на мобилен телефон и по четири за некористење сигурносен појас и за минување на затворен сигнал црвено светло.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.