Препродавачите на билети за Супер купот, кои вчера беа приведени, ќе платат казна од 500 евра – информираат од Основното јавно обвинителство.
Еден од осомничените е државјанин на Република Србија, двајца државјани на Велика Британија, додека двајца имаат двојно државјанство, на Република Македонија и на САД.
Дополнително, за лицата кои немаат македонско државјанство е предвидена и мерка протерување од земјата за време од една година.

