„Сејф Сити“ ќе почне да ги санкционира возачите од 1 февруари оваа година, а камерите ќе снимаат четири видови на прекршоци.
Пречекорување на брзината ќе се казнува во зависност од тоа колку ќе се пречекори брзината.
– Ако возите со брзина до 20 км/ч над дозволеното ќе платите казна од 20 евра
– Ако возите со брзина од 20 км/ч до 30 км/ч над дозволеното ќе платите казна од 45 евра
– Ако возите со брзина од 30 км/ч до 50 км/ч над дозволеното ќе платите 300 евра и забрана за управување возило од 3 до 12 месеци
– Ако возите над 50 км/ч над дозволено – 400 евра казна, четири казнени поени и забрана за управување со возило најмалку 12 месеци
Минувањето на црвено светло ќе се казнува со парична казна од 250 евра, но и забрана за управување со возило. Исто така, доколку прекршителот предизвика опасна ситуација, ќе биде и кривично гонет.
Возачите ќе платат казна од 100 евра ако управува возило со истечена сообраќајна дозвола, додека 250 евра казна ќе има за сопственик на возило доколку истото е на друго лице.
За непрописно запирање и паркирање, исто така, ќе се казнува. За стандарден прекршок следи санкција од 30 евра, а казната е 45 евра ако возилото го попречува сообраќајот, додека 50 евра ќе се плати ако се паркира на место за лица со попреченост.




