Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе бегаме ли јас и Шаќир?

0
By Нова ТВ on April 24, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Аделина Марку

Пишувам од многу млада возраст и ова, пишувањето и присуството во јавноста, ме натерало да го следам развојот на општеството од моја преспектива. Затоа сум и колумнистка , изразувам дно-а мои на мој начин. Дали сум среќна од ткнрч развој на општеството? Ова тавтолошко прашање, заслужува тавтолошки одговор кој вели ‘’Општеството се движи , а јас се повеќе завземам позиција на мудрец кој ќути. Вуајерка!’’ Хахахах, симпатично нели! Во последно време не верувам многу во пишувањето или во слободата на говорот, бидејќи ми недостасува недореченото неткаено од мене туку од некој/а што се уште верува во Зборот и Силата на Паметниот Збор, те Паметното Решение! Мојот многу добар пријател, Шаќир, Шаќир Ислами ( заедно пишуваме колумни во KOHA) ми вели дека не треба да чувстувам вина или самопораз, бидејќи ПР машинеријата успеало да совршено управува со Грешниот Збор , те со Недовербата, и затоа вели тој- структурирај контраинертност! Застани малце и размисли што значи ова? Шаќир, инаку работи на неговот докторски труд и таму тој сржевито го анализира Животот на Пропагандата , а и како што е роден алтруист ќе сака да ми потпомогне –(да не се мачам многу), и фап фап, веднаш, в миг и од некоја негова богата ментална аркива ќе го цитира Edward L.Bernays. Слушај мори дебрилјко Едвард вели дека свесната и интелигентната манипулација со организираните навики и мислења на масите е важен елемент во демократското општество. Луѓето ретко се свесни за вистинските причини што ги мотивираат нивните постапки. Но пази мори Цуце (…а јас наскоро 50 год, хахахах. Нејсе! ), немој сега ти да ми станеш инертна! Сакаш на аглиски, сакаш на француски, сакаш на италјански, – како сакаш, ете бирај, ама Bernays вели дека инерцијата е големиот непријател на секој обид за промена на навиките на луѓето! Шаќир е неприкоснованиот борец кој верува дека мора да се разбере Ентитетот што Води, и Ентитетот што се Води! Твое е да декодираш, и да ткаеш продолжителни демократски насоки, за да се општеството – развива! Емотивец во суштина –таква сум, знам дека знаењето на Шаќир нема да го допрат нит’ уживаат студентите , бидејќи – (тврдат луѓето, те Ентитетот што се Води од тој што Води) дека – за се и сешто кај нас партиската книшка е Софистицираниот Пробив ДУРИ и во нашите Универзитети! Пух…! Jас сум студентот на Шаќир, па што!

Да се разбереме , партиската книшка не е лоша навика, напротив таа може да се разбере и како општествено учествувачка лиценца за давање сила на новите политики што сносат промени, реформа, развој. Луѓето се групираат околу една идеа или водство, и размонужувајќи го членството на групата , идеата и водството го прават уште посилно и влијателно. Но, тврдам, ние развиваме КУЛТУРА НА ЗЛОУПОТРЕБА со партиска книшка! А прибидејќи е КРАЈНО време да разбереме една работа, би сакала да зборувам за злоупотребата на членувањето во една партиска група, околу една идеа! Партиската книшка за мене претставува симболична валута што придонесува во моќта на партиската група, ја прави нејзината мрежа сеопфатна заради безбедноста на фокусот на идеата , дава глас на вербата воедно на идеологијата или стремежот кон реформи. Партиската книшка станува антивредност за општеството и државата, во моментот кога ќе ја претвориме во МИТ што УСПЕХ КРОИ! Овој вид на новосносен примордијален мит за нашиот чудесен начин на правење демократија, ги прави членовите, посебно тие од повисоките структури, страсни кон водачот- а притоа губејќи го сенсот за демократијата во системот, те општеството, за потребите на обичниот граѓанин а и на добриот професионалец кој истата партиска книшка ја нема ! Ако повнимателно следиме што се се случило кај нас е токму лошата навика на партијашите да станат силни и моќни преку злоупотребата на партиската книшка, притоа злоупотребата на системот ! Во принцип, докажано е дека корупцијата тие ја стимулираат…! Oчигледно, причините за корупција се психолошки, партискотo покритие, те членството – ‘’храбрите’’ претпоставуваат – ќе ги засолни! Последните случаи со коруптивните афери кај владеачката гарнитура- не претставува исклучок. За жал, ние сличните афери сме ги меморирале како очекувано правило што се редат. Велам, тие дури за нас не достигат ниво за изненадност , бд нашата инертност према нив е очигледна! Претставува траума би рекла, да да траума! И ова правило не е сегашно , туку е дамнешно кај нас! Политичките гарнитури, те владеачките харале корупција отсекогаш, водени од (анти)силата на партиската книшка! Нашиот диксурс за плурализам, веќе подразбира и плурализам на кражба и корупција. Стилот, па вие крадевте цели ‘’X’’ години, во основа e антиПР за партијата што така се брани! Плурализмот на: кој украл повеќе, или кој украл помалку е новата демагогија на антиПР машинеријата! Тоа што најмногу ме загрижува во моментот е што граѓаните реагираат на неуспесите на демократијата на сличен начин како што реагираат кога се незадоволни од пазарот. Тие само бегаат. Протестот веќе го искажуваат со бег и презир кон нашиот начин на (не)правење демократија! Тие ја напуштаат земјата, или повеќе не гласаат, или дури гласаат на бели ливчиња. Тој/таа се обидува да го смени општеството едноставно со следење на аферите, со искажување на гнев по социјалните медиуми и со бегство. Но суштината на демократската политика е подготвеноста да се остане и да се промени реалноста – вели Иван Крастев – Ова основно верување му овозможува на општеството да оди напред. Затоа демократијата не може да постои без доверба во политиката бидејќи токму УПРАВУВАЊЕТО СО НЕДОВЕРБАТА ќе биде горчлив крај на демократските реформи. – завршува Крастев во TED TALKS, теза насловена ‘’In trust, we mistrust’’.

Инертноста наша денес гласи вака: Толку е тешко да се бега – сè додека не заминеш. И тогаш тоа е најлесната проклета работа на светот . Но, ќе бегаме ли јас и Шаќир или ќе бдееме рециклирани (анти)митови?

( овие се лични ставови на авторот на колумната!)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.