Војо Маневски: Како новата Влада ќе овозможи раст поглем од 5 % на годишно ниво? Таа мисија за тековнава година е неизводлива. И да се направи ребаланс (а ќе мора) тоа е само пренесување на износ од една на друга ставка. Ако во зададените рамки се направат некои приоритети тогаш е можно закрпување на дупките од каде најмногу истекува и ништо повеќе.
За следната година да биде надежна очекуваме мерки кои стручната јавност сериозно ќе ги коментира и ќе предлага решенија. Ако се остане на тврдоглава партиска логика дека од позиција на власт се донесуваат одлуки без поширока консултација, повторно ќе биде како нови чорапи во стари чевли. Комоцијата на разгазени чевли ќе остане ама нивната употребна вредност нема да трае долго.
Не е некоја мудрост да се констатира дека главните прашања се: од каде ќе се најдат свежи средства потребни за економијата и буџетските обврски? Линк