Владата ќе ги намали катастарските трошоци до 50%, а дел од овластувањата ќе им се вратат на геодетските фирми. Ќе има и поевтини цени за потврдите како имотен лист, движење на имот и други, ова денеска го изјави Благој Бочварски, потпретседател во СДСМ.
Дополнително, од први септември ќе стартува укинувањето на двојното плаќање во случај кога некој одбиен предмет по пријава на странка треба по втор пат да се поднесува. До сега, во случај кога некој предмет по пријава на странка беше одбиен, заради постоење на било каква грешка, независно од било која страна, граѓаните беа принудени при повторното поднесување на предметот по втор пат да ги плаќаат веќе платените такси, рече тој.

