Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се отвори ли патот за избор на нови уставни судии по разрешувањето на Зендели?

0
By Biljana on March 3, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието на денешната седница го разреши пратеникот Фадил Зендели од местото член на Комисијата за избори и именувања. 

По тридневна расправа, со 61 глас „за“, Собранието го разреши членот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Фадил Зендели. За разрешувањето на пратеникот од Беса, Фадил Зендели, гласаа само пратениците од мнозинството, бидејќи оние од опозицијата по паузата не се вратија во пленарната сала.

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, побара од собранискиот спикер, Талат Џафери писмено да му одговори што се случи со 400 амандмани кои опозицијата ги поднесе, а кои не беа ставени на расправа.

За пратениците од мнозинството, работата на Комисијата мора да се откочи, бидејќи Уставниот суд работи во отежнати услови и има потреба од итно назначување на четворица нови уставни судии. Според власта, повикувајќи се на Уставот, пленумот имал право да го разреши Зендели, бидејќи тој бил избран функционер.

„Правило е секогаш парламентарното мнозинство да има претседател и мнозинство во Комисијата за изборите и именувањата. Фадил Зендели сам одлучи да го напушти парламентарното мнозинство. Доколку сте толку демократи, одважете се, тргнете еден ваш пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата и поддржете го Зендели да остане во таа комисија“ истакна претходно на расправата пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски обраќајќи се кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата, пак оцени дека разрешувањето на Зендели било потребно за „власта да врши партиски назначувања во институциите“.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Ангелевска истакна дека со денешното разрешување кое било иницирано на пленарна седница се прави преседан, бидејќи токму првопотпишаниот на предлог-одлуката, претседателот на Законодавниот дом Талат Џафери, во претходни изјави тврдел дека сите барање за разрешување пред да дојдат на пленарна седница мора да минат на Комисија, нешто што не било случај при разрешувањето на Зендели.

„Власта сака да разреши пратеник од Комисијата за избори и именувања, Комисија која е функционална и може да се свика во секое време. Во оваа комисија треба да се стави послушник кој ќе ги аминува сите кадрови решенија на СДСМ и ДУИ, а тоа значи уставни судии, членови на регулаторна комисија, членови на други тела“, рече Ангелевска и додаде дека на тој начин се крши Деловникот за работа на Собранието.

Разрешувањето на пратеникот на Беса, Фадил Зендели од Комисијата за избори и именувања дојде на предлог на пратеници од мнозинството меѓу кои првопотпишан беше претседателот на Собранието Талат Џафери. Комисијата за избори и именувања беше блокирана со месеци, прво поради распишување на локалните избори, а потоа поради тоа што Беса ја напушти владејачката коалиција, што доведе до формирање на ново мнозинство во Парламентот и дисбаланс помеѓу мнозинството и опозицијата во рамки на Комисијата.

Разрешувањето на Зендели се очекува да го отвори патот за избор на четворица нови уставни судии. Сега Уставниот суд работи во отежнати услови, со пет од девет судии, што е минимум за негово функционирање. Мандатот на тројца од уставните судии заврши во јуни минатата година, а на четвртиот кон средината на јануари годинава.

(Б.Б.)

Комисија за избори и именувања Фадил Зендели
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.