Американскиот државен секретар Џон Кери денеска има средби со највисоките лидери на Кина, во обид да ги убеди да извршат притисок врз Северна Кореја за да ја намали својата војничка реторика и конечно, да се врати на нуклеарните разговори, јавува Си-Ен-Ен.
Ова патување во Пекинг на Кери е за прв пат како државен секретар, и тој не ја крие својата желба за да ја види Кина како зема поголем активистички став кон Северна Кореја, која во последниве неколку недели се закани со нуклеарна војна против САД.
Како главен трговски партнер на Северна, финансиски поддржувач и дипломатски сојузник, Кина има уникатна способност да го користи своето влијание против сиромашната, изолирана држава, изјави Кери доцна синоќа во Сеул, главниот град на Јужна Кореја.
“Не постои група на лидери на планетата кои имаат повеќе капацитет да направат разлика околу прашањето со Северна од Кина, и секој го знае, вклучувајќи, верувам и тие”, изјави Кери.