Водечките светски сили беа обединети во текот на преговорите за иранската нуклеарна програма во Женева, но Иранците не може да го прифатат договорот, изјави државниот секретат на САД, Џон Кери. Според него, договор би можел да биде постигнат во рок од неколку месеци.
Кери беше во посета на Абу Даби каде што одржа заедничка конференција со министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед ел-Нахјан.
„Французите го потпишаа, ние го потпишавме“, рече Кери, додавајќи дека шест светски сили биле единствени кога предлог-договорот во саботата бил презентиран пред Иранците.
Американскиот државен секретар порача дека Вашингтон ќе ги брани своите сојузници и дека нема да ги загрози односите со арапските сојузници, јавува, Ројтерс.
И францускиот Министер за надворешни работи, Лоран Фабијус, изјави дека се надева на постигнување договор со Иран за нивната нуклеарна програма.
„Не сме далеку од договор со Иранците, но тој сеуште не е постигнат“, изјави Фабијас за „Еуропе1“.
„Нисмо далеко од споразума са Иранцима, али он још није постигнут”, рекао је Фабијус у изјави за радио станицу “Еуропе 1“.
Некои дипломати ја обвинија Франција за надменост за време на преговорите со Иран викендот во Женева. Фабијас ги отфрли таквите наводи. Разговорите ќе продолжат на 20 ноември.
САД, Израел, и неколку западни земји го обвинуваат Иран дека пробува да направи нуклеарно оружје. Официјален Техеран ги отфрли таквите обвинувања, тврдејќи дека нуклеарната програма е наменета за мирнодопски намени.