По неколку години несогласување и недоверба, договор помеѓу Иран и меѓународните сили околу неговата нуклеарна програма се чини дека е на повидок, откако највисоките дипломати се придружија на местото каде што се одвиваат тековните разговори.
Американскиот државен секретар Џон Кери, во саботата наутро слета во Женева и се упати директно кон местото каде што се одвиваат преговорите.
Еден ден претходно, странски претставник од Западот потврди дека договорот е многу близу. Според известувањата на CNN, разговорите кои се веќе започнати, се одвиваат во позитивна атмосфера. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, продолжува да ги води разговорите со иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф и неговите колеги од другите земји.
Други високи претставници веќе присуствуваат на состанокот или веќе пристигнале, со што се засилуваат тврдењата деката преговарачите се многу близу до договор со Иран.
Кери ќе им се приклучи на британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хаг, и францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус. Се очекува во Женева денес да пристигнат и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, како и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кои биле клучни фактори во последната рунда разговори.
Заедно, овие дипломати ги претставуваат петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, плус Германија, познати како П5 +1, кои се во преговори со Иран за нивната нуклеарна програма.