Американскиот државен секретар Џон Кери ја предупреди Северна Кореја да не се обидува да изврши ракетна проба, оценувајќи дека тоа би било огромна грешка.
– Ким Џонг-ун треба да сфати дека сум свесен каков може да биде исходот од конфликтот, рече Кери при неговата посета во Сеул.
Кери додаде дека Северна Кореја ќе си дозволи голема грешка, доколку истрела некоја од ракетите со среден дострел во период на зајакнати несогласувања меѓу неа и САД и Јужна Кореја.
Тој во рамките на неговата турнеја планира да ги посети и Кина и Јапонија во обид да ги намали тензиите во регионот по најавите дека Пјонгјанг планира да изврши проба на балистичка ракета.