„Го молев тоа да не го прави тоа, но тој ми рече дека доколку во петок не ме ослободат, јас ќе штрајкувам со глад“, потресена и загрижена вели во разговорот за НОВА Марина Кежаровска, сопруга на приведениот новинар Томислав Кежаровски, кој веќе два месеци е во притвор.
Постојано ми ги повторува зборовите: „Јас сум невин, патот ми е во рајот“, раскажува Кежаровска. При непријатните посети преку затворското стакло чести биле зборовите: „Чувај го детето за мене не се грижи“ и велел Томислав на Марина.
За неа е нејасно зошто и покрај тоа што истрагата е завршена, со што Кежаровски не може да влијае врз сведоци, како што беше образложено во обвинителниот акт, тој се уште е во притвор.