По тридневен штрајк со глад и поради влошена здравствена состојба новинарот Томислав Кежаровски одлучи да го прекине штрајкот.
По силните апели од колегите и неговата сопруга Марина Кежаровска, која беше многу загрижена за неговата психо-физичка состојба, Кежаровски реши да го прима затворскиот оброк.
>>Критики за притворот на Кежаровски и од европските новинари
>>ФОТО: Графити пред Собранието „Слобода за Кежаровски“
Кежаровски почна штрајк со глад поради тоа што немаше одговор од надлежните власти зошто е во притвор и дали ќе биде продолжен неговиот притвор откако како гаранција заложи недвижен имот, па неговата психичка и физичка состојба се повеќе се влошуваше.