Без никаков исход заврши вчерашниот полициски информативен разговор со новинарот Томислав Кежаровски во станицата во Центар. Кежаровски беше повикан на разговор поради учество на протест на Шарената револуција и фрлање боја.
-Заедно со мојот адвокат вчера во станица не прими помошник – командирот на полициската станица Центар.Ми кажа дека сум повикан поради мое учество во протестите и дека сум фрлал боја, меѓутоа целата пријава се темели на изјава на некој вработен во МВР кој напишал службена белешка дека ме видел на протест. Адвокатот Филип Медарски ги побара доказите за да види на што се темели изјавата, но не можеа да се договорат и за надлежноста , односно која полициска станица ќе го вод и случајот, така да остана да продолжи информативниот разговор денеска, вели Кежаровски за НОВА.