Военото разузнавање на Украина соопшти дека нападот бил насочен кон горивна артерија долга 400 километри што се користи за снабдување на руските вооружени сили со гориво.
Операцијата ги уништила сите три главни горивни линии на системот истовремено во близина на округот Раменски, југоисточно од Москва. И покрај мрежите против беспилотни летала и вооруженото обезбедување на лице место, инфраструктурата на цевководот била успешно ставена надвор од употреба, соопшти, изворот.

