Повеќе од 100.000 луѓе во украинскиот главен град Киев протестираат против потегот на Владата да го одложи Договорот за асоцијација со ЕУ под притисок од Русија.
Опозициските лидери се приклучија на протестот, за кој се смета дека е најголемиот од Портокаловата револуција во 2004 година, јавува Би-Би-Си.
Полицијата, наводно, употребила солзавец додека демонстрантите се обидоа да го пробијат кордонот околу владините објекти.
Про-владини протести неколку километри подалеку привлекоа околу 10.000 луѓе.
Украина направи одлука за договорот со ЕУ минатата недела, велејќи дека не може да си дозволи да ги наруши односите со Москва. Русија се обидува да го донесе Киев во својата царинска унија.
Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини ЕУ за уцена кон Украина- за да го потпише договорот за време на самитот во Вилнус следната недела.
Луѓето кои дојдоа на собирот, на Европскиот плоштад, се со семејствата и децата, многумина со транспаренти со слогани како “Сакам да живеам во Европа” или “Украина е дел од Европа”.