Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кијив – Москва: Смртоносни бомбашки напади и меѓусебни обвинувања

0
By Zoran Ivanov on December 15, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Властите во Украина и Русија се обвинуваат меѓусебно за организирање на смртоносните бомбашки напади во текот на изминатата недела.

На 14. декември, регионалната полиција на Днепро уапси осомничен во врска со експлозијата што се случи во центарот на градот претходно истиот ден.

Во експлозијата загина еден маж, а четворица се повредени, меѓу кои и двајца полицајци, кои се уште се во критична состојба во болница.

Според властите, осомничениот, 37-годишен локален жител, наводно дејствувал по наредба на руските разузнавачи. Осомничениот беше уапсен за неколку часа по заедничката операција на полицијата и Украинската служба за безбедност – СБУ.

СБУ го окарактеризира инцидентот како терористички напад.
Во меѓувреме, на 15. декември, Руската Федерална служба за безбедност – ФСБ објави дека е уапсен осомничениот за нападот со автомобил-бомба во Доњецк, во кој наводно загинал поранешен затворски управник, а неговата сопруга е ранета на 9 декември. Руските државни медиуми наведуваат дека осомничениот е локален жител.

ФСБ тврди дека осомничениот подметнал експлозивна направа од домашно производство под возилото и го активирал од далечина, постапувајќи по наредба на Управата за одбранбено разузнавање на Украина.

Руските власти не го објавија идентитетот на загинатиот во експлозијата, опишувајќи го само како офицер. Сепак, извештаите на социјалните мрежи го идентификуваа како Сергеј Евсјуков, поранешен шеф на затворот во кој беа убиени десетици украински војници заробени од руските сили во 2022 година.

Никој не презеде одговорност за ниедна од експлозиите.

 

украина русија бомбашки напади
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
ФОКУС

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

ВЕСТИ October 3, 2025

Американскиот претседател, Доналд Трамп во најновата денешна објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро…

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.