Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кијив, не Киев!

0
By Marija Todorovska on June 13, 2024 ИЗБОР
Џабир Дерала
Џабир Дерала
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЏАБИР ДЕРАЛА 

Од првиот ден на целосната руска инвазија против Украина, редакциите на медиумската платформа на ЦИВИЛ, истовремено како и Фронтлајн, едногласно одлучија – Кијив, не Киев! Нашите читателки и читатели ја разбраа и ја поддржаа нашата редакциска одлука.

Очекувано, проруските тролови бурно и грубо реагираа, со вообичаениот простотилак. Еден од тие ликови отиде дотаму што поднесе приговор и до Советот за етика во медиумите, барајќи осуда за „континуираното менување на топонимите во Украина.“ Советот ја одбива жалбата со симптоматично образложение дека „Комисијата за жалби не е надлежна за детектирање и утврдување на правописни грешки во медиумските содржини.“

Не е познато колку и какви писма примила руската амбасада во Скопје и други домашни и руски антени, политички, шпионски и субверзивни инсталации за „одбрана“ на руската „правда“ во земјава. Но дека нашироко се коментирало за нашиот став кон руската агресија во тие кругови, знаеме.

Не ги броевме, а престанавме и да обрнуваме внимание на илјадниците коментари и емотикони (хахаганда) на објавите во кои се користат топонимите Украина. Тие илјадници коментари и хахаганда доаѓаат, сепак, од неколку десетици организирани групи, како и троловите кои од Фејсбук заработија и беџ „топ фан“ на ЦИВИЛ, но меѓу нив има и луѓе од медиумскиот, академскиот и невладиниот сектор. Да се чуди човек колку оние што имаат јавна одговорност да се грижат за коректно информирање и негување граѓанска и политичка култура, не посветиле ниту неколку минути да се информираат и размислат пред да станат дистрибутери на рускиот пропаганден отров.

Горд сум што сум прв или меѓу првите што ги употребува топонимите на Украина, земјата што ги брани своите права на слобода, независност, интегритет и идентитет. За мене тоа беше нормална и логична одлука, да ги употребам називите Кијив, Харкив, Лвив и сите други на украински јазик, наместо топонимите што ги наметнува државата терорист која води војна на агресија, спроведува ужасни воени злосторства и чиј владетел е баран од Меѓународниот кривичен суд. (Не знам дали е потребно, но еве, да потсетам уште еднаш: се работи за држава терорист која го загрозува целиот свет и води хибридна војна против демократијата и слободата. Москва со години отворено ѝ се заканува и на Северна Македонија и на целиот регион.)

За мене тоа беше човечка, граѓанска и професионална одлука. Очекував дека и другите медиуми ќе го следат тој пример, но со горчливо изненадување увидов дека уредниците кои донесоа одлука како мојата и на моите колешки и колеги се бројат на прсти, веројатно само на едната рака.

Цврсто верувам дека кампањата #KyivNotKiev или #CorrectUA на украинската влада и нејзините институции да се користат украинските наместо руските топоними треба да биде само дополнителен аргумент за секој нормален човек на оваа планета да донесе логична одлука да ги користи украинските топоними на украински, не на руски. Министерството за надворешни работи на Украина има и список на украинските топоними, сосема е лесно, може да се кликне и да се провери. Повелете, драги читателки и читатели, ова е ЛИНК до украинските топоними.

Политиката на Москва е хегемонистичка, агресорска и по сите дефиниции – фашистичка. Постои и поконкретен назив – рашистичка. Јас одбирам да ѝ се спротивставам во името на слободата и во солидарност со Украина и нејзината борба за слобода. Тоа е борба и за нашата слобода, слобода на Европа и на светот. Најмал гест на поддршка на таа борба е да се користат украинските топоними.

Овој повик е толку очигледно разумен и се заснова на основна човечка пристојност и почит кон достоинството на една нација, што во поинакви културни и политички околности, овој текст и не мораше да биде напишан.

Текстот е личен став на Авторот | ЦИВИЛ МЕДИА
Кијив Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.