Украинската противвоздушна одбрана собори 33 од 50-те беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта, соопшти денеска украинското воздухопловство.
Тие наведуваат дека 9 беспилотни летала се „изгубени“, мислејќи на користењето електронско војување од страна на Украина за пренасочување на руските беспилотни летала, додека еден ја напушти Украина во правец кон Романија.
Непријателските напади со беспилотни летала погодија претпријатија во регионот на Одеса, а зградите на институции, приватни компании и домаќинства во регионите Харков, Черкаси и Киев беа оштетени како резултат на падот на соборените непријателски беспилотни летала, соопшти војската на платформата Телеграм.