Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Киличдароглу ги повика младите да му дадат поддршка во вториот круг против Ердоган

0
By Соња Крамарска on May 16, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 16, 2023 16:24

Ривалот на Реџеп Таип Ердоган на претседателските избори во Турција, Кемал Киличдароглу, денес им се обрати на младите и ги повика да гласаат за него во вториот круг од изборите на 28 мај, за долгорочното владеење на неговиот ривал да не влезе во третата деценија.

Во првиот круг, актуелниот претседател освои 49,5 отсто од гласовите, а Киличдароглу, кандидатот на шестпартиската опозициска алијанса освои 45 отсто од гласовите.

На трето место е изненадувањето на изборите, националистичкиот кандидат Синан Оган со 5,2 отсто, а потоа Мухарем Инџе, кој се повлече од трката, но предоцна, и сепак доби 0,43 отсто од гласовите.

Бидејќи ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, вториот круг од изборите, прв во турската историја, ќе се одржи на 28 мај.

Во меѓувреме, Киличдароглу (74) се обидува да ја прошири својата гласачка база, за да добие клучна поддршка во вториот круг.

„Од гласачките кутии излезе порака која повикува на промени. Оние кои сакаат да видат промени во оваа земја се повеќе од оние кои не сакаат“, напиша Киличдароглу во серијата твитови упатени до „драгите млади луѓе“.

Киличдароглу им се обрати на младите и се осврна на нивните финансиски проблеми, особено во контекст на кризата со трошоците за живот, која дополнително се продлабочи со инсистирањето на Ердоган да ги намали каматните стапки, што предизвика пад на лирата и пораст на инфлацијата.

„Немате доволно пари за ништо. Лишени сте од радоста на животот, додека вашата младост треба да биде ослободена од грижи. Нема да можете да ја вратите младоста. Имаме 12 дена да излеземе од тој мрачен тунел“, додаде Киличдароглу.

Од друга страна, на парламентарните избори, кои се одржуваат истовремено со претседателските избори, Партијата на правдата и развојот (АКП) на Ердоган и нејзините исламистички партнери освоија 322 од 600 места во парламентот и обезбедија мнозинство, што ќе му овозможи на Ердоган да тврди дека гласањето за него значи стабилност на државата.

Гласачите на Оган ќе бидат клучни за изборот на новиот претседател. Тој е поранешен член на националистичката МХП, денес сојузник со партијата на Ердоган АКП.

Тој ја напушти МХП токму поради несогласувањето со поддршката на партијата за турскиот претседател по изборите во 2015 година, но неговите националистички пораки и повици за турска геополитичка независност се сметаат за поблиски до Ердоган отколку до прозападните политики на Киличдароглу, Курдите и припадници на верското исламско малцинство алевити.

Киличдароглу ветува оживување на демократијата, враќање на економските политики на слободниот пазар, зајакнување на институциите и обновување на врските со Западот.

 

 

Избори во Турција Кемал Киличдароглу
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026
ФОКУС
March 30, 2026

Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси

ВЕСТИ March 30, 2026

Почитувани граѓани на Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, сите!

САД: „Власта му припаѓа на народот“, „Без кралеви“, … – протестни пораки до Трамп

March 29, 2026

Кочани: Нов марш за Ангелите

March 28, 2026

ЕБОР: Македонија меѓу најзагрозените од блискоисточната војна

March 28, 2026
ТИКЕР

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.