Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Километарските листи на чекање ги избркаа пациентите

0
By Менче Атанасова Точи on May 28, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Се зголемуваат листите на чекање во болниците низ државата. Пациентите со месеци чекаат за обично снимање на рентген, за колпоскопија или на ехо апарат. За обична операција на жолчка на Клиниката за абдоменална хирургија се чека од два до четири месеци велат лекарите.

Пациентите се револтирани. Велат дека системот на закажување не е добар бидејќи болеста напредува, а додека чекаат тешко се справуваат со болката.

Хирурзите се жалат дека бројот на операции им е ограничен бидејќи Фондот за здравство им ги ограничува буџетите на болниците. Така секој на хирург во просек може да оперира двајца до тројца пациенти неделно. Другите пациенти се принудени да чекаат или пак се задолжуваат, земаат кредити за да можат да се оперираат што побргу во некоја од приватните болници.

Според податоците до кои дојде НОВА само за операции од областа на абдоменалната хирургија во приватните болници годишно се слеваат 1,5 милиони евра.

-Тоа се огромни срества кои ги заштедува Фондот, а од друга страна пак, секое зголемување на обемот на работа на јавното здравство носи загуба на болницата вели професорот Милчо Пановски абдоменален хирург.

Од Фондот за здравствено осигурување велат дека висината на буџетите се определува според остварувањето на вкупната вредност на здравствените услуги во предходната година.

Јавните здравствени установи се самостојни во вршење на својата дејност и се должни да им пружат целосна квалитетна здравствена услуга на пациентите.

-Тие се самостојни во одлучувањето како ќе ги распоредат буџетите со кои располагаат и како ќе ги планираат видот и обемот на услугите. Рационалното, максимално ефикасно и ефективно користење на буџетите е одговорноста на менаџерите на болниците се вели во писмениот одговор од ФЗОМ.

Од друга страна директорите се жалат дека фондот им ги ограничува буџетите поради што се принудени да прават помалку интервенции. Она што е најконтрадикторно е што лекарите работат по учинок, проект во кој треба да се такмичат што повеќе интервенции да сработат, а од друга страна ограничен им е бројот на операции.

-Бројот на операции ни е ограничен, а работиме по учинок. Она што ургентно треба да се направи е да се зголемат буџетите на болниците вели за НОВА очниот хирург Дејан Ставриќ.

Неговата листа за чекање е долга, а за да дојдат на ред пациентите за операција кај доктор Ствриќ треба да чекаат цели шест години. Во таква ситуација најчесто се откажуваат и се принудени да одат во приватните болници каде операција на око чини и до 3000 евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.