Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ким Јонг Ун – диско танчер и баскетџија

0
By on April 6, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Медиумите во Северна Кореја Ким Јонг -Ун го нарекуваат „најголемиот командант на светот“, но дали знаевте дека страсно ја сака НБА лигата и диско музиката?

За кошарката можеби веќе знаете, бидејќи само пред неколку недели тој се сретна со поранешната НБА ѕвезда, Денис Родман, сепак, во новонастанатата криза меѓу двете Кореи и САД која се заканува да се претвори во сериозен вооружен конфликт, тешко може да се сфати дека сегашниот претседател е всушност голем обожавател на западната култура.

Пред да ја преземе функцијата од неговиот татко Ким Ил Јонг, синот Јонг-Ун ретко се појавувал во јавноста и малку се знаело за него и неговите навики.

Еве некои интересни факти што го пробија севернокорејскиот пропаганден ѕид.

Тој е роден на истиот датум како Елвис Присли …. можеби.

Се претпоставува дека Ким Јонг Ун има помеѓу 29 и 30 години, но готвач кој работел за неговото семејство до 2001 година тврди дека тој е роден на 8 јануари 1983, истиот ден како „кралот на рокенролот“ Елвис Присли.

Ким Јонг Ун има своја „прва дама“

Откако се појавија заедно на отворањето на еден забавен парк, минатиот јуни, медиумите во Северна Кореја соопштија дека Ким Јонг и неговата придружничка Ри Сол Џу дека се венчале, но никој не е сигурен каде и кога и дали тие имаат деца. За неговата сопруга велат дека пејачката и “навивачка”.

Се школувал на Запад

Според сознанијата на „Вашингтон пост“, Ким посетувал државно училиште во Швајцарија од 1998 до 2000 година, како син на дипломат, криејќи се под името Пак Ун. „Никогаш не ги видов неговите родители“, изјавил директорот на училиштето. Другите професори го опишале како “социјален, добро прилагоден, вреден и амбициозен“. По швајцарската школа, тој учел во военото училиште во Пјонгјанг, кое го носи името на неговиот дедо.

Сака да игра кошарка

Навистина страсно ја сака кошарката и неговиот идол е Мајкл Џордан. Го опишуваат како „одличен и експлозивен плејмејкер кој мрази да губи“.

Сака познати марки и брендирани предмети

Пријателите од детството се сеќаваат дека имал скапа колекција „Nike“ патики, а на една фотографија може да се види дека на неговата работна маса стои „Apple“ компјутер. Се зборува дека неговата сопруга најмногу го сака брендот „Диор“.

Носи “забранета фризура”

Во Северна Кореја има закон според кој е дозволено да се носат само 28 видови фризури, но фризурата на Ким со бричени страни на главата, очигледно не е меѓу дозволените.

Сака да танцува и да пее

Неговите соученици, изјавиле на еден англискиот весник дека неговата омилена песна е „Brother Louie“ од германската група „ Modern Talking“, а Денис Родман јавно соопшти дека Ким сака диско музика.

Тој е „тешка категорија”

Еден корејски агенција во 2004 година објави дека по смртта на неговата мајка, тој почнал неумерено да јаде и да пие, така што во еден момент имал над 100 килограми. Тој страда од дебелина, висок крвен притисок и дијабетис во земјата во која постојано недостига храна.

Тој е ист дедо, кого го обожува

Ким толку наликува на неговиот дедо Ким Ил Сунг, што јавноста, едно време се сомневаше дека бил на пластични операции, за да личи повеќе на неговиот дедо – основач на нацијата. Ким е едноставно фасциниран од дедо му, кој меѓу луѓето беше поомилен од неговиот починат татко, кого го наследи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.