Личен пратеник на лидерот на Северна Кореја Ким Јунг Ун индицира дека е отворен за разговори за рестартирање на нуклеарното разоружување, потег кој дојде откако лидерот на Кина испрати искрена порака до Пјонгјанг да се врати на преговарачка маса, јавува Си-Ен-Ен,
повикувајќи се на извештај на кинескиот државен медиум.
Личен пратеник на Ким, кој се наоѓаше во тридневна посета на Кина, рачно му предададе писмо од Ким на претседателот Кси Јинпинг на состанокот во Пекинг, пред да се врати во
Северна Кореја вчера, според државните медиуми.
Додека содржината на писмото не беше објавена од страна на Владата, пратеникот им изјави на кинеските власти дека неговата земја е подготвена да “преземе позитивни акции за решавање на проблемите преку дијалог”, објави државната “Кина Дејли” .