-Кинеските вакцини ги очекуваме до крајот на следната недела. Уплатата е веќе направена, соопшти денес премиерот Зоран Заев.
Тој потенцира дека денес нашата амбасада заедно со кинеската и фирмите што помагаат со Синофарм, ги направиле првите чекори.
– Денеска е прв работен ден после Кинеска нова година. Со уплатата ги отвораме преговорите околу транспортот, патувањето и осигурувањето, што треба да се обезбедат, рече Заев.
Македонија од Кина ќе купи 200 000 вакцини.