Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека најважно е Украина да биде во најсилната можна позиција во 2025 година.
Во Кијв, каде Стармер треба да потпише „100-годишно безбедносно партнерство“ со Украина, денеска се огласи аларм и се слушнаа експлозии додека беспилотно летало леташе над центарот на градот, пренесе агенцијата Франс прес.
Градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, на Телеграм, за време на посетата на британскиот премиер, напиша дека е активирана воздушната одбрана.
Главната цел е да се осигура дека Украина е во најсилната можна позиција во текот на 2025 година, им рече Стармер на британските новинари, посетувајќи ги повредените украински војници во болница.
Затоа мораме да ја дадеме потребната поддршка и никогаш да не се откажуваме, додаде премиерот, кој заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски положи цвеќе на споменикот на загинатите украински војници.
Даунинг стрит објави пред посетата дека „Велика Британија и Украина потпишуваат историско 100-годишно партнерство за зајакнување на безбедносните врски и партнерства за идните генерации“.
Документот, без преседан за Кијив, ќе се фокусира конкретно на „воената соработка“ на море.