Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе марширате ли со нас, претседателе Иванов?

0
By Биљана Секуловска on December 20, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зошто не марширавте заедно со студентите, ако во срцето први ви се граѓаните, па потоа татковината, а на крај партиската припадност која ви обезбедила претседателска фотелја? Зошто, претседателе Иванов?

***

Зошто е значајно годишното обраќање на претседателот Иванов? Затоа што е ода на слепилото. Затоа што не гледа, не слуша и не зборува за државата, за граѓаните, за никој од нас. Говори и дава политички оценки за лидерот на опозицијата Заев, лидерот на коалициониот партнер на Владата- ДУИ, Ахмети, дека било крајно неодговорно политичко однесување што не се одзвале на поканата да седнат да разговараат; за името; ја критикува ЕУ и ламентира за некаков дијалог помеѓу власта и студентите, веројатно мисли на екстерното. Мајката!

Ден откако министерот, заменикот и целата таа свита избегаа од студентите од страв да не им упаднат, па после и им ја треснаа вратата за да не учествуваат на нивните монолози, а тоа го нарекуваат дебата, тој, претседателот на државата филозофира за некаков дијалог на сите засегнати страни. Студентите ви ги силуваат, вие држите предавања од политичка култура.

Зошто вие не ги седнете министрите и да ги прашате зошто бегаат од студентите, зошто не ги поканат на дебата и не ги сослушаат барем еднаш во животот? Зошто не марширавте заедно со студентите, ако во срцето први ви се граѓаните, па потоа татковината, а на крај партиската припадност која ви обезбедила претседателска фотелја?

Зошто не проговоривте за сиромаштијата? За експлозијата на нови сиромашни, драматична бројка што ќе биде предизвикана од новиот Закон за хонорари, каде даноците на секој хонорар се скоро 40 проценти? Зошто не протестиравте во годишното обраќање во овој Закон, каде се изземени политичарите? Ќе марширате ли на 22 декември со нас, со вашите граѓани?

Погледнете си го говорот, претседателе: “Наша обврска е да ги спроведеме реформите, да ги постигнеме стандардите и принципите, да ги обезбедиме човековите права и правото на човечко достоинство, за доброто на граѓаните на Македонија“. Да одиме по ред.

Што обезбедивте досега, ако се колнете на вашиве обврски, ги почитувате и велите, спроведувате? Права, слободи, достоинство, добро на колку граѓани? Колку ги има во земјава? Не знаете. Нема попис. Колку граѓани се иселиле од земјава? И тоа не знаете. Немате попис. На пример, скоро 350.000, според Светска банка? Колку се иселиле последниве 8, 9 години? Нема попис. Колкав е процентот на сиромашни? Нема официјални податоци. На невработени? Ниту еден, секако, после 1 јануари, откако ќе се наметне Законот за хонорарци, со кој драматично ќе се зголеми вработеноста, нели, така сите мислите, затоа што- ионака нема попис, нема податоци, ништо нема кое би ве вознемирило. Ајде, претседателе, вие како претседател на сите граѓани, не знаете на колку граѓани им служите, за што говориме ние воопшто?

За изборите, можеби? Или сакате за рускиот политиколог Станислав Белковски, кој говорејќи за изборите во неговата земја вели: “Тие се една општествена активност која само така се нарекува… ама не може да се наречат избори“. Добро би било да се чуе и вашиот глас на оваа тема тогаш кога ќе почнат да испливуваат документи за “македонската општествена активност наречена избори”.

Во 1975 Вацлав Хавел, ставен на црната листа на власта, во отворено писмо до генералниот секретар на Комунистичката партија на Чехословачка, Густав Хусак, го предупреди најмногу за стравот кој ги тера луѓето да глумат нормален живот, во услови кога се распаѓаат и тие и самата држава:

“Стравот од последиците на одбивањето ги тера луѓето да учествуваат на избори, да гласаат за предложените кандидати и да се преправаат дека им се важни таквите церемонии”.

Историската одговорност е она што требаше да го замисли Густав Хусак, онака како што треба и вас, помеѓу секое берење на калинки, славење на смоквите, секоја празијада, калинкајада, смоквијада, костенијада, грозјережијада, ракијада, пастрмајлијада, априлијада, будалаштинијада…

Можеби требаше во говорот да се осврнете за некој претседател од некоја моќна, западна, демократска земја со кого сте имале средба последнава година? За топол прием каде сте наишле при некоја средба? Која средба, претседателе? Која да ја издвоиме? Нула, претседателе. Не постои таква средба.

Постои медалот на Орбан кој му го врачивте ова време мината година, на човекот за кој европскиот свет се ужасува, затоа што ја закопал демократијата и ја претворил својата земја во Орбанистан. Па што, ние еве ја избуткавме и оваа година, ќе речете. Да, го усовршивте Македонистан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.