Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се дознае ли кои се митаџиите од скандалот „Телеком“?

0
By Нова ТВ on May 24, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судењето на тројцата унгарски директори од „Маѓар Телеком“, кои во судот во Њујорк се обвинети за давање мито во Македонија и Црна Гора во 2005 година тргна во невообичаена насока по американските правни лавиринти.

Обвинетите се поранешниот извршен директор на компанијата, Елек Штрауб, како и уште двајца директори во компанијата – Андраш Балог и Тамаш Морваи. Во однос на нивните активности во Македонија, тие се обвинети за давање мито на двајца се уште непознати политички функционери, а со цел да се одложи либерализацијата на фиксната телефонија во земјава, што на „Македонски Телеком“, компанијата ќерка на унгарскиот телеком оператор, му овозможи да има зголемени приходи уште две години (до 2007) зашто работеше без конкуренција. Овие три лица се обвинети од страна на американската Комисија за хартии од вредност според Законот за коруптивни практики во странство. Покрај ова, „Маѓар Телеком“ лани плати казни од над 100 милиони долари зашто во моментот кога кривичното дело е сторено, компанијата котираше на берзата во Њујорк.

СУДЕЊЕТО СЕ СВРТЕ ВО ИНТЕРЕСНА НАСОКА

Случајот, пак, со тројцата обвинети директори добива поголемо внимание во правничките кругови во САД. Адвокатите на обвинетите покренаа жалба, доведувајќи ја во прашање јурисдикцијата на судот на Њујорк. Од тоа како ќе се разреши ова прашање зависи и можноста во иднина американските судови да се здобијат со надлежност да судат секого на планетата, ако тоа лице во текот на вршењето на кривичното дело користело американски сервери низ кои поминала електронската пошта, па дури и ако таа е испратена и примена од лица надвор од територијата на САД.

Американската КХВ тврди дека судот во Њујорк има јурисдикција заради мејловите испратени од Унгарија во Македонија. Како аргумент за ова е наведен фактот што мејловите биле „пренесени преку или чувани на мрежни сервери лоцирани во САД“. Судијата Ричард Саливен од судот во Њујорк се согласи со американската КХВ и заклучи дека наводот оти мејловите „испратени од локации надвор од САД, но пренесени преку и/или чувани на мрежни сервери лоцирани во САД“ е доволен за да се задоволи елементот на „употребата на прекугранична деловна актвност“ кој како клаузула стои во американскиот Закон за коруптивни практики во странство.

„Сепак, ова на прв поглед логично тврдење, ненамерно отвора врата на неочекувано количество интернет комуникации кои се квалификуваат според наводот „употребата на прекугранична деловна активност“ според овој закон (и веројатно според други закони во кои ја има оваа клаузула), особено денеска со оглед на растечкото користење на cloud computing“, пишува корпоративниот адвокат Ендрју Хинкс од Форт Лодердејл, Флорида, за правничката публикација Corporate Counsel.

Ова мислење, кое се нарекува „Штрауб Мислење“, според името на првообвинетиот директор на „Маѓар Телеком“ во случајот, може да стави под јурисдикција на американските судови голем број странци, кои ненамерно и не знаејќи користеле американски сервери за комуникации кои целосно се во странство, односно надвор од САД.

ОДЛУКАТА Е ВО РАЦЕТЕ НА АМЕРИКАНСКАТА КХВ

На 18 април годинава тројцата обвинети поднесоа жалба на ваквата одлука до повисокиот Втор окружен суд, која сѐ уште се разгледува. Судот треба да одлучи дали ќе ја прифати одлуката на судијата Саливен со која ненамерно, но драматично, се зголемува јурисдикцијата на американските судови врз интернет комуникациите во и од странство или ова мислење претставува намерно свртување кон поекспанзивна јурисдикција на американските федерални судови.

Она што е интересно за нас, е дека ако ова судиско мислење го помине филтерот на Вториот окружен суд, тогаш не се безбедни ниту двете лица од Македонија што примиле мито. Ако тие имале било каква комуникација преку Интернет со обвинетите, која поминала низ сервери во САД, тогаш тие можат многу лесно да се најдат на списокот на обвинети ако американската КХВ има интерес за тоа или барем како сведоци за да се докаже вината на постојните тројца обвинети.

Кога овој случај беше актуелен минатата година, од македонското јавно обвинителство рекоа дека поседуваат купишта мејлови на унгарски јазик, но дека дури и кога би ги превеле, тие не би можеле да се користат во нашите судови. Но, по сѐ изгледа нивното користење во американските судови е сосема друга работа. Оваа одлука на судијата Саливен, ако опстане, може да помогне конечно јавно да се обзнани идентитетот на двете лица од земјава, кои примиле мито во 2005 година за да се задржи монополот на „Македонски Телеком“ уште некоја година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
ФОКУС

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

ВЕСТИ October 3, 2025

Американскиот претседател, Доналд Трамп во најновата денешна објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро…

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.