Попладеново во ДИК продолжи расправата по останатите 13 приговори за нерегуларности при гласањето во Струга, поднесени од ВМРО- ДПМНЕ.
Прифатен е предлогот на потпретседателот на ДИК, Супхи Јакупи кој побара да се донесе целиот избирачки материјал од избирачкото место со број 1882.
Бидејќи, според него, постои сомнеж за т.н. „бугарски воз“ односно едно ливче се носело од едно во друго избирачко место, на ливчето од изборното место 1882 има печат од изборното место 1885, што укажува на фалсификат.
Виолета Дума член во ДИК од СДСМ го поддржа предлогот на Јакупи и додаде – време да се фати „дивиот зајак“.
Покрај неа предлогот да се донесе целиот избирачки материјал беше подржан и од претседателот на ДИК, Борис Кондарко и членот на ДУИ од ДПА Бедредин Ибраими.
Работата на ДИК денеска заглави во обид да се разгледаат приговорите на ВМРО – ДПМНЕ за Струга, откако вчера два од нив беа прифатени.
Членовите на ДИК Јакупи и Ибраими предходно бараат да не се гласа по етнички клуч.