Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се справат ли македонските банки со Базел III?

0
By Нова ТВ on June 7, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска во Скопје за првпат се одржува средба на Европската банкарска федерација (ЕБФ) две години откако асоцијацијата на македонските банки стана придружна членка ЕБФ.

Главна тема на средбата, на која присуствуваа претставници на банки од 15 европски земји, пред сѐ, од балканскиот регион и Источна Европа, беше имплементацијата на мерките кои произлегуваат од најновиот меѓународен банкарски регулаторен стандард Базел III.

Тој предвидува воведување на околу 250 мерки од страна на банките, од кои најголем дел се мали, но 20-ина се значителни и изискуваат и време и ресурси, кои банките треба да ги посветат за да се сообразат со новите стандарди што се однесуваат, пред сѐ, на адекватноста на капиталот, стрес тестовите и пазарниот ликвидносен ризик. Овој стандард треба да почне да се воведува од годинава, при што комплетната имплементација треба да заврши до 2019 година. Непримената на Базел III не е опција зашто сите оние банки што нема да се сообразат не ќе можат да продолжат да бидат дел до меѓународниот финансиски систем и да врѓат банкарски активности на меѓународно ниво.

Извршниот директор на ЕБФ, Гвидо Раволе, смета дека со имплементацијата на Базел III не може да се чека 2018 или 2019 година зашто светските пазари на капитал очекуваат банките да ги имплементираат новите правила што е можно побрзо:

– На ниво на Европската унија се очекува Базел III да се примени во целост со тоа што дефиницијата која се користи во ЕУ се нарекува CRD4 или Директива за кредитни барања број 4, која ќе стапи во сила во 2014-та година и банките веќе се прилагодуваат кон тие барања, со тоа што пазарот очекува што е можно побрзо таквото прилагодување не само да се случи, туку и да заврши (…) Банките од регионов во земји членки на ЕУ или во земји што треба да влезат во Унијата, како што се Словенија и Хрватска, сигурно ги имплементираат овие мерки. Со оглед на тоа што целиот овој регион се базира на барањата кои се карактеристични за западните земји и што мнозинство на банките во Македонија се во странска сопственост, очекувам и нивните сопственички банки да им наложат на македонските да ги направат тие прилагодувања – истакна Раволе.

Претседателот на Здружението за банкарство при Стопанската комора на РМ и извршен директор на НЛБ Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски, вели дека состојбата не е критична и дека банките во земјава имаат време да ги направат сите прилагодувања.

– Во секој случај не е толку драматично со имплементацијата и има одредена динамика на спроведување. Ние банките што имаме банки-мајки во земјите на Европската унија имаме, исто така, и наша пропишана динамика – истакна тој.

Јанчевски додаде дека дел од ова прашање треба да го одговори гувернеорт на НБРМ, со оглед на неговата регулаторна улога и со оглед на тоа што таа ја спроведува динамиката на имплементација на Базел III.

– НБРМ внимателно ги следи случувања околу Базел III и новата регулатива што таму се оформува. Ние не сме обврзани со таа CRD4 регулатива зашто не сме членка на Европската унија, но секако најдобрите практики ги применуваме и кај нас – рече Богов.

Тој додаде и дека клучните пормени на Базел III, кои се однесуваат на повисокото ниво на капитал и коефициентите на ликвидност, во земјава се применуваат од поодамна.

– Кај нас најниското ниво за адекватност на капиталот е 12 отсто. Сега со Базел III се зголемува минималното ниво и повторно се доаѓа до ова ниво што е кај нас од 12 отсто. Коефициентите за ликвидност ние ги применивме во 2009 година, значи повторно тука имаме во примена одредени елементи од Базел 3 – смета гувернерот.

Богов, сепак, додава и оти имаме разлики со стандардите од Базел III за тоа што се смета ликвидна актива, но истакнува дека се земаат предвид спецификите на нашата земја.

– Морам да напомнам дека во Базел III многу од одредбите се однесуваат на инструменти што во Македонија не постојат, ниту пак, се релевантни, така што мора да бидеме критични во примената. Секако, и ние ќе се прилагодуваме на Базел III, но земaјќи ги предвид реалните состојби во Македонија и водејќи сметка за регулаторната прудентност и регулаторниот товар, значи да го најдеме вистинскиот баланс меѓу двете – вели гувернерот на НБРМ.

Базел III стандардот е развиен како одговор на недостатоците во финансиската регулација на глобално ниво, а кои излегоа на видело во текот на светската рецесија од 2008 година и чии последици се чувствуваат до денеска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.