Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кјучјук: Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат членство во ЕУ

0
By Нова ТВ on November 9, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доколку првата меѓувладина конференција не се одржи за Северна Македонија, тоа би била тројна загуба, за Северна Македонија, за Бугарија и за самата Европска Унија. Јас сум оптимист затоа што Северна Македонија и Албанија навистина вложија големи напори да ги приближат граѓаните на земјата до Европската унија. Се разбира, останува уште многу да се направи кога станува збор за интеграциските реформи, но како известувач за Северна Македонија, искрено мислам дека од почетокот на годината се направени многу позитивни чекори. Изборите се одвиваа нормално, резултатот беше легитимен и владата беше формирана многу брзо по изборите. Претседателот на парламентот Џафери е подготвен да соработува со нас за дијалогот „Жан Моне“. Од многу гледни точки, политичарите од Северна Македонија покажуваат дека се подготвени за соработка и испраќаат позитивна проевропска порака до колегите од Европскиот парламент. Имав дискусија со министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој има волја да ги унапреди политиката на проширување и реформите за интеграција. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат членство во Европската унија“- изјави Илхан Кјучјук, известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија во интервјуто за телевизија Клан.

Кјучјук, кој по националност е Бугарин смета дека со ваквото однесување на Бугарија кон Северна Македонија, самата си предизвикува загуба.

„Голем поттик е што германското претседателство поттикнува ваква иницијатива. Ако не успееме, сите ќе бидеме изгубени. Јас би рекол дека ќе биде тројна загуба. Загуба за Северна Македонија, загуба за Бугарија, но и загуба за Европската унија.

Прво, загуба за Северна Македонија, бидејќи тие направија многу жртвувања кон европскиот пат на земјата. Би било загуба за Бугарија, бидејќи Бугарија е соседна земја. Во Европската унија ни требаат сојузници и партнери кои дури го разбираат начинот на кој размислуваме. И, загуба и за кредибилитетот во Европската унија по толку големи чекори преземени од Северна Македонија.“- дополни Кјучјук во интервјуто.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.