Клиничкиот блок од октомври ќе се гасифицира. За оваа цел ќе се потрошат 800 000 евра, а опфаќа гасификациона мрежа долга 1,5 километар и пренамена на котлите од мазут со комбинирани котли на мазут и гас.
Со ова Клиничкиот блок нема да остане без парно греење во зимскиот период како што беше случај досега најавија надлежните.
Работата се очекува да заврши во октомври кога почнува грејната сезона. Се очекува скопските клиники со гасификацијата да заштедат до 350 000 евра годишно, средства кои министерството ќе ги пренамени за други инвестиции во здравството. Надлежните во здравството очекуваат инвестицијата да се врати за 25 години.
Министертвото за здравство информацијата за гасификацијата на скопските клиники ја соопшти денеска, одеднаш без преходна најава и во исто време кога градоначалникот на Скопје Коце Трајаноски ја откажа гасификацијата на градот со образложение дека не се појавил ниту еден инвеститор.