Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Клиниката за гастроентерохепатологија воведе нова процедура за третман на заболување на хранопровод

0
By НОВА ТВ on November 8, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Универзитетската Клиника за гастроентерохепатологија денеска за првпат беа изведени три интервенции на Радиофреквентна аблација кај пациенти кои страдаат од Баретов езофагус.

-Ова заболување се карактеризира со измена на нормалната лигавица во долната третина на хранопроводот која доколку соодветно не се третира може во одреден процент да доведе до карцином на хранопровод. Со Радиофреквентна аблација, која е ендоскопска техника, променетото ткиво се изложува на топлинска енергија со што се уништува променетото ткиво, информираат од Клиниката.

Проф. д-р Калина Гривчева Старделова, директор на Клиниката за гастроентерохепатологија објасни дека воведувањето на новата метода носи големи придобивки за пациентите, како и заштеда за јавното здравство.

„Од сега пациентите ќе може да ги третираме во нашата земја, што за нив значи помали трошоци и побрзо добивање на потребната здравствена услуга, а за здравствениот систем е значајна заштеда, затоа што една ваква интервенција во странство чини и до 15.000 евра по интервенција, а во некои случаи е потребно е и повторување на интервенцијата. Значајно за Клиниката за гастроентерохепатологија е и тоа што има можност да стане регионален центар за овие интервенции, што може да даде значаен инпут во нејзината финансиска кондиција и можностите за понатамошен развој и унапредување на портфолиото на здравствените услуги“, истакна проф. д-р Гривчева Старделова.

Постапката се изведува во амбулантски услови од страна на гастроентеролог, а пациентот е под анестезија. Интервенциите денес ги направи светски познатиот гастроентерохепатолог д-р Иво Бошкоски, кој е по потекло од нашата држава, а работи на Католичкиот универзитет, во чии рамки функционира поликлиниката „Агостино Џемели“ во Рим, во соработка со лекари од Клиниката за гастроентерохепатологија,.

„При изведување на оваа процедура се користи електрода монтирана на ендоскоп за да се испорача топлинска енергија директно до променетото ткиво на хранопроводот. Гастроентерологот бира соодветна електрода за процедурата, што зависи од должината и количината на Баретовиот хранопровод. Овој процес обично трае околу 10 минути и резултира со аблација на ткивото. Во период од шест до осум недели, ткиво кое е третирано се заменува со нормална слузница“, истакна д-р Бошкоски.

Баретов хранопровод настанува како компликација од долготрајна повторувачка гастроезофагеалена рефлуксна болест, односно оштетата на хранопроводот предизвикана од враќање на киселината од желудникот во хранопроводот. Со цел унапредување на третманот на оваа состојба на Клиниката за гастроентерохепатологија се воведува и уште една метода за мерење на pH во хранопроводот и неговото движење со што може да се обезбедат точни информации за присуство на рефлуксната болест. Континуираната 24-часовна pH-метрија е стандарден метод во гастроентерологијата кој овозможува директно и квантитативно мониторирање на киселинскиот рефлукс и дава показатели за одредување на соодветниот начин на третман.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.