Премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи во Брисел ќе се состанат со Кетрин Ештон, за напредокот во спроведувањето на бриселскиот Договор.
„Ќе се разговара за рамката на примена на планот кој беше усвоен пред неколку недели“, изјави Маја Коцијанчиќ, портпаролот на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон.
Договорот меѓу Дачиќ и Тачи е од пресудно значење за Србија која ја очекува одлуката на шефовите на дипломатии на Европската унија, следниот вторник во Луксембург, за утврдување датум, односно, барем за давање зелено светло за преговори за прием на Србија во ЕУ.