Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Книгата на Митко Маџунков добитник на “Роман на годината“

0
By on March 15, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Романот „Птиците од ланските гнезда“ од Митко Маџунков во издание на „Три“, е годинашен добитник на наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“. Од 46-те романи кои пристигнaле во редакцијата на весникот да се натпреваруваат за оваа книжевна награда, по пет селекции, жири-комисијата по пат на тајно гласање одлучи годинава наградата да ја понесе најновиот роман на Митко Маџунков.

„Чувството да се добие оваа престижна награда е многу добро. Сметам дека во оваа ситуација наша, кога литературата е малку присутна во медиумите, кога нема соодветна рецепција и критичка мисла, речиси нема никаде рецензии, овој потфат на ’Утрински весник‘ е многу важен за афирмацијата на нашата култура воопшто, не само на македонскиот роман. На тоа треба да се истрае и целиот процес уште повеќе да се афирмира, со поголема присутност на авторите, со притискање за критички осврти итн. Мислам дека е тоа поентата. Бидејќи, романот како една сложена структура, меѓудругото, е и во функција на одбрана на јазикот, на неговата висока артикулација, а тоа е нешто што не’ засега сите нас“, вели лауреатот Митко Маџунков.

Во образложението за наградата, жири-комисијата во состав: Елизабета Шелева, претседател, Снежана Младеновска-Ангелков, Ефтим Клетников, Коле Манев и Катерина Богоева, членови, се вели дека романот „Птиците од ланските гнезда“ од Митко Маџунков се издвојува од преостанатите романескни дела, според својата исклучително умешна, маестрално срочена композиција, во која се откриваат најдобрите карактеристики на полифонискиот роман.
Инаку, за годинашното издание за „Роман на годината“ конкурираа 46 романи, што укажува на фактот дека во Македонија има богата романескна продукција, или како што ќе каже жири-комисијата, се јавува една романескна скриптоманија.

Покровител на наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“, која изнесува 150.000 денари, е „Т-мобиле“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025
ФОКУС

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

ВЕСТИ October 3, 2025

Европратеници од четири политички групи во Европскиот парламент најавија дека ќе го поддржат претстојното гласање…

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025

Време: Зимата ја претрка есента

October 3, 2025
ТИКЕР

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.