Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Книжевна вечер со Андра Ротару, поетеса од Романија

0
By Нова ТВ on April 24, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Издавачката куќа Готен, во соработка со Здружението за култура и развој на креативни индустрии од Струмица, ќе одржи книжевна вечер со Андра Ротару, поетеса од Романија, која што е прва гостинка на книжевната резиденција „Апсолутно модерен“, под покровителство на Традуки за 2014 година.

Книжевната вечер ќе се случи во салата за конференции на хотелот Тувериопол, во Струмица, четврток, 24 април, во 20 и 30 часот.

Првата гостинка на резиденцијата, која веќе пристигна во Скопје е романската поетеса, Андра Ротару, ново име во романската поезија кое веќе гради успешна меѓународна кариера. Андра Ротару е родена е 1980 година. Живее во Букурешт. Работи како новинар во културата и уредник е во неколку книжевни списанија.

Основала и менаџирала неколку еснафски здруженија: Агенција за книги, Здружение за книжеви авторски права, била директор на Федерацијата на издавачи и книжари. Организира поетски читања и иновативни поетски настани по уметничките галерии, клубовите и пабовите низ Романија. За својата дебитантска книга поезија „Во постела под белите чаршави“, 2005 година добила неколку еминентни книжевни награди, „Михаил Еминеску“, „Тудор Аргези“, наградите на писателите од Сибиу и Букурешт. Списанието „Магазин 22“ ја прогласува за еден од најдобрите современи романски поети. Третата книга поезија Лемур, од 2012 година била прогласена за најпродавана поетска книга на саемот во Букурешт и наградена за најдобра поетска книга. Нејзините песни се преведени на француски, шпански, англиски, арапски, германски, еврејски, чешки и тн. Учествувала на повеќе фестивали, книжевни резиденции и била официјален гостин на неколку значајни книжевни саеми.

Резиденцијалната програма за книжевници и преведувачи од Југоисточна Европа „Скопје 2014“ под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на мрежата Традуки има за цел да им овозможи на авторите од регионот подобро да се запознаат со книжевната, интелектуалната и културната сцена во Скопје и во Македонија и да остварат продлабочени и трајни контакти, кои во перспектива ќе ги направат пријатели и амбасадори на македонската книжевност и култура во регионот и во светот. Авторите во Скопје ќе работат на своите дела или преводи, ќе посетуваат културни настани, организации и институции, а преку јавни настани ќе и бидат претставени во Скопје и во други градови од земјата.

Седумте автори кои што годинава ќе престојуваат во Скопје, покрај Андра Ротару се Аг Аполони од Косово, Роман Кисјов од Бугарија, Теофил Панчиќ од Србија, Даша Дрндиќ од Хрватска, Душан Чатер и Соња Поланц од Словенија. Секој од авторите ќе престојува во Скопје по еден месец и тоа во пролетниот период од април до јуни и наесен од септември до декември 2014.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.