Мирче Адамчевски: Според најавите, изминативе денови се очекуваше централна тема на Форумот во Давос да биде војната во Украина. Но расипувачот на забави, Доналд Трамп, се потруди таа да биде Гренланд. Се менува и дневниот ред. Наместро Украина се става Гренланд. Европа ќе биде во расчекор. Кој и е приоритетот во моментов, Гренланд, ЕУ, НАТО и Данска или Украина? Таа се доведе во ваква ситуација по молчаливиот однос кон Трамп и неговата политика. Молчеа на политиката на укинување на меѓународното право од негова страна и водењето своја политика, според некои негови правила. Му се тресеа на средбите со него. Тој уште по инаугурацијата изјавуваше за заземање на Канада, на Панамскиот кана, на Мексико, на Гренланд…Го бомбардираше Иран, го подржуваше Израел во Газа, а го киднапираше и претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. Соопштенијата на Европа за сето ова, беа завиткани во шарен целофан, небаре станува збор за обланди. Па дури и кога им воведе царини не кренаа глава, туку побрзаа да направат некаков трговски договор, кој сега сакаат да не биде ратифициран во Европскоиот парламент. …
Извор: Фактор.мк



