Шеесет и три јавори, по еден за секој млад изгубен живот, се засадени во Кочани во чест на 63-те жртви кои загинаа во кочанската трагедија на 16-ти март.
63 јавори, по еден за секое младо животче што го изгубивме. Овој чин не е само еколошка акција, туку длабоко симболичен и човечки гест. Секој јавор претставува жив споменик, тивок знак на почит и сеќавање. Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат, ќе се гранат и ќе сведочат за нивното постоење. Тоа е симбол на живот, надеж и сила — порака дека нашите деца никогаш нема да бидат заборавени, рече мајка на едно од загинатите деца во пожарот во клубот „Пулс“.
Здружението на граѓани „16 март 2025“, кое го формираа родителите на загинатите, ѝ се заблагодари на компанијата „Amphenol Technology Macedonia“ за иницијативата. Дрвјата се засадени на 11 декември, Меѓународниот ден на планините.
Вашата поддршка и солидарност токму во најтешките моменти ја покажува вашата општествена одговорност и човечност.




