Очекуваме како родители да знаеме кој е виновен за пожарот во дискотеката „Пулс“ рече една од мајките на заганатите во трагедијата на денешниот „Марш на Ангелите“.
Таа се обрати до Основното јавно обвинителство да им одговори против кого се води постапка и зошти сите инволвирани не се приведени. Родителите прашаа и каде бил газда Деко додека нивните деца гореле во пожарот?
Маршот се одржа по кочанските улици, а родителите и роднините на загинатите застанаа и пред полициската станица.
Запленети возила повторно беа паркирани пред полициската станица. Возилата се без регистарски таблички и вообичаено стојат позади полициската станица, освен во деновите кога родителите на загинатите и граѓаните бараат правда за 62 прерано изгубени животи.