Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кодошот е „Рашомон“ или Драган Богдановски

0
By Нова ТВ on July 23, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 6 декември 2012 година Комисијата за лустрација излезе со соопштение пред јавноста дека сите академици, меѓу кои беше и моето име, никогаш не соработувале со тајните служби, туку биле следени од нив. Меѓутоа, во почетокот на јули, беше фабрикувана информацијата дека е лустриран академикот Славко Јаневски, покоен веќе 13 години. На таа срамна, безочна постапка, остро реагиравме двајцата со Томе Серафимовски, и веќе по три дена бевме лустрирани.

Ги молам драгите читатели, пишува во својата колумна писателот академик Божин Павловски, објавена од plusinfo.mk, внимателно да го прочитаат моето досие на сајтот на Комисијата за верификација на фактите, со што ќе помогнат да си излезе правдата на виделина.

За почеток, ви го предавам „бисерот над бисерите“ од тоа досие. Да види и процени јавноста дали соработник на тајните служби сум јас, или Драган Богдановски, идниот основач на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Предметот е заведен под број 72 од 14 јануари 1989 година.
Одиме по ред.

Обработената особа „Рашомон“, односно Драган Богдановски, телефонски разговарал со академик Александар Матковски, при што овој му предложил истиот ден да ме посетеле мене во „Мисла“, затоа што од мојот престој во Австралија сум донел некакви материјали за него и усмено да му пренесам некои информации (се работеше за две писма со по сто долари и едно со педесет долари, што му ги пратија неговите пријатели). Замислете, „Рашомон“, тоест Драган Богдановски, веднаш телефонски ја информира Управата за државна безбедност дека состанокот ќе се одржи во 11 часот (така пишува во документот против мене, верувале или не, со дополнување дека тој Драган Богдановски потоа ќе се сретнел со „Скитник“ и со „Унион“). Агентот на УБК во службената белешка кажува дека потоа, во 16 часот, ќе се сретне со „Рашомон“, односно Драган Богдановски, идниот основач на сегашната владеачка партија. На база на сето тоа, Седмото одделение на УБК презело мерки и за фотографирање на настанот.

А во 16 часот, „Рашомон“, тоест Драган Богдановски, го презентирал следното:

„Павловски срдечно ги пречекал во неговата службена просторија, ги запознал дека во Австралија престојувал повеќе од три месеци, со основна цел да отворел издавачка куќа, во која ќе се печателе и преведувале книги од и на македонски јазик, во што и успеал да го реализира ова. Како што изнел, ова било само почеток, бидејќи имал намера издавачки куќи да отвори и во Сиднеј и во другите градови на Австралија…Сите тие пројавиле интерес за ’Рашомон’, дали навистина е на слобода и слично и го замолиле Павловски на враќање во Скопје лично да му ги пренесе нивните поздрави (двајца пријатели, Стамкоски и Шкодро му напишаа своерачни писма во кои ставија по сто долари за да се почести, додека Ристески го направи истото со педесет долари – забелешка моја)“. А Драган Богдановски на агентите од УБК, според овој документ, им нагласил дека сум полемизирал со домаќинот Стамкоски, кој упорно тврдел дека македонскиот народ е од античко потекло. Павловски попусто му укажувал дека таа теза оди само во прилог на грчките интереси и пропаганда, стои во изјавата на Богдановски за полицијата.

„Во Мелбурн, Сиднеј, Канбера, Перт и во други градови Павловски имал голем број пријатели со кои остварил средби“. Рашомон ги прераскажал и моите зборови дека македонското иселеништо во Австралија е разединето и поделено, дека нема силна личност која би го обединила и водела како и тоа дека истото никогаш немало да биде на југословенска линија.

Колумната во целост е објавена на plusinfo.mk.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.