Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

0
By Zoran Ivanov on May 16, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЕУ не е емоционална награда за инает и отпор. Тоа е политички, економски и вредносен систем кој има правила. Едно од тие правила е: Францускиот предлог. Преговарачката рамка постои. Уставните измени се во неа. Со печат е зачуван македонскиот идентитет и јазик. Крај на приказната.

Јане Ѓорѓиоски

По посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на Скопје и на Тирана, повторно станува болно јасно каде сме ние, а каде одат другите.

На заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, Кошта беше дециден: „Уставните измени мора да се случат за да продолжи европскиот пат на Македонија. Нема план Б.“ Истовремено, во Тирана, Кошта заедно со Еди Рама зборува за тоа дека Албанија може да биде дел од ЕУ дури и пред 2030 година.

Малку боли ова, или не?!

Е сега, замислете си ваква сцена по 10 години од денес:

Дете, по десетина години, ве прашува:
„Оти ние не сме во ЕУ?“

И вие гордо одговарате:
„Зашто не им дадовме на Бугарите да влезат во Уставот! Се држевме храбро!“

Што ќе ни врати детето:
а) Аха, арно им направивте на Бугарите, нека патат.
б) Вие нормални ли сте?!

И тогаш, каде ќе бегаме од вистината: дека некои се криеле зад „патриотизам“ (читај сакале бришан простор без ЕУ, за корупција и арамилак), а жртвувале генерации.

Кошта дојде, го кажа истото што го кажуваат и Урсула, и Шарл Мишел, и Макрон, и секој функционер што ни поминал низ Скопје последниве две години: ако не ги направите уставните измени, стоите. Сами. Во место. Без ЕУ. Против сите. Против самите себе.

Еве нас предавниците што ви го вреѓаме славното античкото потекло и бугарското вмровско наследство што ни го напикавте во историјата, што ве гледаме како вазали на Орбан и Вучиќ…. нас ич не нè есапете, ама малку разум и ум купете од модерниот свет, ако не друго, леба ви.

Но најн! Упорно се верува на мицковци дека „ќе дојде моментот кога Брисел ќе попушти“, дека „Трамп сега ќе ни среди, нели ние сме наредени први до него пред сите“, или дека „има и други сојузи“ (читај: оска Будимпешта, Белград, Пекинг, преку Москва, или евроазиски некој сојуз).

А во меѓувреме Албанија оди напред, Црна Гора до неа. Молдавија ќе не претрка, најверојатно и Украина. А зошто да не и Косово. Се спремаат. Не калкулираат. Не се закопуваат во историја, туку гледаат како нивните деца да бидат европски граѓани со иднина.

Се поставува едноставно прашање:
Дали ние сакаме да бидеме во ЕУ, или сакаме да останеме во вмронскиот мит дека сме жртви кои никому не попуштаат?

Ваква погубна политика ни влечкаа 30 години разни љубчовци и бранковци и видете до каде не дотераа.

Инаку, ЕУ не е емоционална награда за инает и отпор. Тоа е политички, економски и вредносен систем кој има правила. Едно од тие правила е: Францускиот предлог. Преговарачката рамка постои. Уставните измени се во неа. Со печат е зачуван македонскиот идентитет и јазик. Крај на приказната.

Кошта денес нè погледна право во очи и ни рече:
„Не ви треба план Б кога имате план А.“

Прашање е само – дали гледаме и ние, или  – Аспарух нема да влезе во устав па ако треба и трева да пропасеме.

А децата?

Нека се снајдуваат, кој им е виновен.

Ете им ја Германија, Словенија, Шведска…

Текстот е сопственост на Фронтлајн

ЕУ јане ѓорѓиоски. мкд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.