Оние кои го сметаат Евровизискиот фестивал за старомоден, досаден, кич и полн со лоша музика, сепак треба да знаат дека во текот на својата 61годишна историја, тој фестивал дал свој придонес во политиката, по лошо или по добро.
И на оваа Евровизија Македонија не доживеа голем успех. На тоа веќе се навикнавме па очигледно е дека никој кај нас не обрнува големо внимание на нашиот традиционален, сега веќе 16ти, неуспех на евровизискиот фестивал.
Годинава нашата Калиопи можеби ќе имаше повеќе успех, политички, доколку одлучеше да даде свој придонес за демократијата во Македонија. Но, тоа што се случувало со други земји низ историјата на Евровизија, не и се случува на Македонија.
Украина – 2016 година
Да почнеме со оваа година и победничката песна на фестивалот на Украинката Џамала, песна посветена на прогонот на кримските Татари од страна на советскиот режим во 1944 година. Песната насловена «1944», предизвика остри реакции во Русија. Реагираше дури и руското Министерство за надворешни работи кое со цинизам предложи на следниот фестивал да има песна посветена на сирискиот претседател Башар ел Асад. Украина веројатно била свесна дека песната ќе остави политички траги и последици.
Песната зборува за депортирањето на кримските Татари од страна на Сталин. Во 1944 година најголемиот број Татари од Крим, муслимани со турско потекло, беа обвинети од Сталин за соработка со нацистите и биле депортирани во централна Азија. Семејството на Џамала било дел од тие Татари и пеачката тврди дека со песната сакала да потсети на својата прабаба, да се ослободи од болката и да им оддаде почит на илјадниците жртви.
Белгија пее за македонската убавина – 1990 година
https://www.youtube.com/watch?v=mD3t7p00XiY
Во 1990 година белгискиот популарен пеач пее за убавината на неговата Македонка. Филип Лафонтен е оженет за Велешанката Виолета. Во тоа време тој е исклучително популарен во франкофонскиот свет. Како претставник на својата земја тој одбира да пее за љубовта кон неговата Македонка. Песната е насловена “Macédomienne”, слободен превод – “Мојата Македонка”.
Лафонтен сакаше да упати и порака до европската јавност во моментот кога екс ју републиките се бореа за независност и кога се навестуваа југословенските војни.
Лафонтен одбива ја да комерцијализира својата песна која не може да се најде во продажба. Неколкуте примероци во луксузно издание им ги подарува на своите најблиски.
На фестивалот кој се одржа во Загреб, песната се пласираше на 12 место од вкупно 22 изведби
Босна и Херцеговина – 1993 година
Можеби се сеќавате на 1993 година и учеството на Босна и Херцеговина на Евровизија која тогаш се одржа во Ирска. Босна беше во војна а Мухамед Фазлагиќ-Фазла настапи со песната “Сиот бол на светот”. Групата ја снимила песната во Сараево кое тогаш било без струја и под голема опасност успеала да стаса во Ирска. Спотот на песната е сниман на улиците на Сараево во војна. Во еден тогашен текст на Ројтерс, пеачката Исмета Крвавац објаснува дека за нив ова била голема можност да му ја престават на светот ситуацијата во Босна и да упатат, преку песната, апел за помош.
https://www.youtube.com/watch?v=tYQpkKTpGTw
Евровизија има за цел да го обедини континентот преку песна и токму тоа била целта на босанските музичари.
Португалија – 1974 година
Во 1974 година Евровизија и помогна на Португалија да ја започне својата револуција за ослободување од диктатурата Салазар. Песната «E Depois Do Adeus» («Ова е збогум») се пласираше на 14 место но тоа воопшто не беше важно. Песната беше почеток на Каранфилската револуција и го придружуваше движењето против дикататурата.
Израел и Либан – 1978 година
Во 1978 година во Париз за време на настапот на Израел со песната A-Ba-Ni-Bi , Јордан го прекинал емитувањето, наводно поради технички причини, и на екранот се појавиле слики од цвеќиња. Кога станало јасно дека Израел ќе победи на изборот, преносот бил едноставно прекинат а јорданските медиуми соопштиле дека победник е Белгија.
Израел – 2000 година
Во 2000 година израелската група Пинг Понг ја разбесна својата земја уште пред фестивалот кој се одржа во Стокхолм. Веселата песна Sameakh зборува за една Израелка која сонува за својот љубовник во Сирија, земја непријател на Израел. За време на настапот групата на сцената излегува со израелски и сириски знамиња. Израел соопштува дека групата настапува во свое име а не во име на земјата. А членовите на групата изјавуваат дека дошле за да донесат порака за мир и љубов и сметале дека идејата за двете знамиња е одлична бидејќи «ние сакаме мир со арапските земји, ние ја претставуваме новата генерација Израелци кои сакаат мир, сакаат да се забавуваат а не да одат во војна», вели уметничкиот директор на групата. Песната се пласираше на 22 место, речиси на дното.
Поради полемиката или поради тоа што песната не беше добра? Оценете сами.
https://www.youtube.com/watch?v=oIX0Hp5K3Z0
Либан и Израел – 2005 година
Во 2005 година, Алин Лахуд треба за прв пат во историјата да го претставува Либан на фестивалот. Но, земјата откажува учеството на Еровизија поради тоа што не сака да го пренесува настапот на Израел. Либан е во војна со Израел и информира дека ќе го пренесува фестивал освен израелската песна. Но правилата на Европската радиодифузна унија тоа не го дозволуваат и Либан се откажува од натреварот. Тогашните коментатори пишуваат дека «можеме да се прашаме што ќе се случеше со мировниот процес ако Либан учествуваше и му дадеше поен на Израел».
По ова откажување на настапот, Либан повеќе никогаш не се пријави за учество на Евровизија.
Ерменија и Азербејџан – 2009 година
Во 2009 година Ерменија и Азербејџан ја поканија политиката на евровизиската сцена во Москва. Проблемот помеѓу двете земји е стар 25 години. На спотот што ја претставува песната на Ерменија, која се вика «Ние сме нашите планини», се гледа статуа од Нагорни Карабак. Но, за Азербејџан, Ерменија е дел од азербејџанската територија. Ерменија го ја повлекува контроверзната снимка но во текот на гласањето ерменската водителка зборува пред статуата.
Според Ројтерс, во Азербејџан само 43 лица гласале за Ерменија.
Подоцна, Радиото Слободна Европа јавува дека азербејџанските власти ги лоцирале тие 43 лица а едно од нив сведочи дека полицијата го викнала на разговор и го прашувала зошто гласал за Ерменија. Според властите, станува збор за националната безбедност.
Гласањето на Ерменија