Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Кога заминав од Карл Либкнехт“ – нова книга на Лидија Димковска

0
By Нова ТВ on April 23, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утре од печат излегува новата книга „Кога заминав од Карл Либкнехт” на наградуваната македонска писателка Лидија Димковска, во изадние на Или-или.

По ангажираната поезија во „Црно на бело“ и романите „Резервен живот“, „Но-Уи“ и „Скриена камера“, овој пат Димковска на читателите им „подарува“ одлична збрика со раскази, меѓу кои пет од нив како целина го добија Специјалното признание „Европско културно наследство“ во рамките на конкурсот за расказ „Европски приказни“ наменет за добитниците на Наградата на ЕУ за литература.

Во освртот кон книгата, книжевната критичарка Александра Јуруковска вели:

„Еве ја новата книга на Лидија Димковска, фасцинантна како и сѐ напишано од неа. Најсилниот глас на современата македонска литература, подеднакво моќен и во поезијата и во прозата, овој пат и на теренот на расказот. И тоа каков расказ. Какви раскази! Збирката „Кога заминав од „Карл Либкнехт“ е смислена како 27 исповеди на луѓе од различни страни на светот чиј живот на некој начин бил поврзан со името на Карл Либкнехт, поточно за адресата врзана со неговото име. Секој од расказите е мини-новела, роман, па и материјал за филм со сите нишани. Јасна слика, атмосфера што лесно може да се почуствива.  Звуци, мириси, бои што од приказните лесно се префрлуваат на читателот. Тоа е мајсторството на Димковска, тоа е магијата на нејзиното писмо. Секоја приказна е микросвет сам за себе, а сепак сите заедно се една поголема, компакнта целина. На макро план јасна и ангажирана вивисекција на актуелните случувања во Европа и светот. Миграциски и идентитетски кризи, азилантски приказни, преселби, напуштања, бегања. Поимот дом, (не)вдоменост, дводомност и/или повеќедомност, припаѓање на една и повеќе култури, јазици и преминувањето на многу, многу граници. Еден од ликовите во расказите „Кога заминав од Карл Либкнехт“ вели: „Знам повеќе јазици, ама само на еден знам да раѓам литература“. Ако реченицата од ликот му ја препишеме на оној што го создал, односно на писателот, тогаш за македонскиот јазик нема поголемо признание и радост, бидејќи е пишуван и ширен од автор како Лидија Димковска“.

Лидија Димковска (1971, Скопје) е поетеса, романописка и преведувачка од романски и словенечки јазик на македонски. Објавила шест поетски збирки и три романи, преведени на повеќе од дваесет јазици.  Ја добила македонската награда за дебитантско поетско дело, германската „Хуберт Бурда“, романските „Поесис“ и „Тудор Аргези“ и „Европската награда за поезија Петру Крду“. За своите два романа „Скриена камера“ (2004) и „Резервен живот“ (2012) ја добила наградата за проза „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, а за „Резервен живот“ и наградата на Европската Унија за литература (2013), а бил номиниран за американската награда за „Најдобра книга во превод“. Во 2016 год. го објавила романот „Но-Уи“, номиниран за  наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија и за меѓународната награда „Балканика“. Објавила и еден „Американски дневник“ (2017), а составувач е на антологијата на најмладата македонска поезија „20.млади.мак.поети.00“, на антологијата на современата словенечка поезија и на антологијата на малцинската и имигрантската книжевност во Словенија „Од јазик на јазик“. Учествувала на бројни меѓународни книжевни средби и читања и престојувала на многу книжевни резиденции низ светот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.