Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои и какви се всушност неговите вистински мотиви е прашање на кое, кога одговор ниту побара ниту доби уредникот на МТВ, оваа една реченица нема да го добие ич

0
By Marija Todorovska on December 20, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кои и какви се всушност неговите вистински мотиви е прашање на кое, кога одговор ниту побара ниту доби уредникот на МТВ, оваа една реченица нема да го добие ич

Зоран Иванов

Го гледав бриселското интервју во денешниот дневник на МТВ на премиерот Мицкоски и ај што новинарот си молчеше и си ги слушаше неговите изветвени елаборации за идентитетот и за сличните дребулии, а колегата можеше да се прослави, да ја спаси честа новинарска и да го потпраша каде тој денес гледа идентитетска загрозеност, да го потсети дека да, вековно историски како Македонци и како народ македонски сме биле и негирани и понижувани и дека е точно дека не нè признавале и Србите и Грците и Бугарите но и дека тоа со Србија заврши со АСНОМ, тоа со Грција со Преспанскиот и тоа со Бугарија со Рамката француска и дека да, има источниот сосед едно негаторско изолирано и од ЕУ игнорирано пусулче за јазикот но и дека на истата тема и ние таму едно контра памфлетче оставено имаме и дека ова што сега тој, премиерот, популистички затскриен зад некаква идентитетска загрозеност ѝ го прави на нацијата македонска и на земјава македонска, е само историска зомби борба на ВМРО-ДПМНЕ Македонија да се држи што подалеку од Западот, никако да не зачекори на ЕУ патот и тоа ни се случува сега во ова наше ново историско време кога од Рамката наваму никој, ама баш никој, ниту Бугарија дијалект веќе спомнува, ниту јазик спомнува, ниту идентитет, ниту бутур па, оттука, каде тоа денес премиерот гледа загрозеност идентитетска и зошто новинарството наше македонско не му бара појаснувања на темата негова туку, напротив, сесрдно му премолчува и го негува неговиот партиски популизам ама тоа е баш башка тема, а темата за премиерот е во прашањето новинарско непоставено за тоа кои и какви се всушност неговите вистински мотиви, прашање на кое, кога одговор ниту побара ниту доби уредникот во МТВ, оваа една реченица нема да го добие ич.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа

Зоран Иванов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.