Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои македонски медиуми лапнаа „руски кромид“ со фабрикувано видео ширено од Захарова, дека на билборд во Њујорк пишувало „Слава на Урина“?

0
By Gabi Tocko on September 23, 2023 ВЕСТИ, Медиуми, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 21 и 22 септември 2023 година, повеќе медиуми во земјава со речиси идентични текстови објавија дезинформација дека во Њујорк, за време на одржувањето на Генералното собрание на ООН, Зеленски и Украина биле пречекани со дигитален билборд на кој наместо „Слава на Украина“ пишувало „Слава на Урина“, објави ИМА.

Како што може да се види од агрегаторите на вести time.mk и grid.mk меѓу медиумите кои ја објавија дезинформацијата беа и национални телевизии и многу влијателни портали.

Дезинформацијата беше објавена од Вечер Прес и Слободен печат (кој во меѓувреме ја отстранил објавата),+инфо, Макфакс, Фактор, Во Центар, Опсервер, ММС, Точка, Кајгана, Сител, Скопје 1, Канал 5, Скопско Ехо, Infomax, Mnet, Press24, и други.

Дезинформацијата беше врамена со сензационалистички изрази како „голем гаф“, „неверојатен гаф“, „засрамувачки кикс“, „невидена брука“, иако „гафот“, „киксот“, „бруката“ и „срамот“ не се ниту на ОН, ниту на Њујорк, туку на македонските медиуми кои уште еднаш станаа жртви на руски дезинформации.

Како извор на информацијата во дел од објавите се посочува српскиот портал Б92, а како директeн извор се посочува објавата на рускиот пропаганден профил на Твитер (Екс) Спринтер, од 21 септември 2023 година, во која се тврди:

„Слава на урината! Имаше поздравна порака за пристигнувањето на Зеленски во Њујорк. Но, наместо Слава на Украина, на знамето пишуваше Слава на урина….“.

Иако под текстот на твитот е додаден „контекст на сликата“ и информација дека станува збор за дигитално изменето видео, македонски медиуми ја пренесоа дезинформацијата од рускиот пропаганден канал, но не и информацијата дека „ова видео е дигитално изменето“.

Инаку, дигитално изменетото видео е објавено на 21.09.2023 и на Телеграм каналот на Марија Захарова, портпарол на руското МНР, каде што таа лажно тврди дека „не е фејк“.

Меѓутоа, дезинформацијата за видеото е разобличена од сервисот за проверка на факти на Aсошиејтед прес, кој на 21 септември 2023 година објави дека станува збор за „фабрикувано видео“: „Никаква реклама поврзана со Украина не била емитувана на билбордот…“, соопшти AP повикувајќи се на информации од компанијата што управува со билбордот.

И проверувачите на факти од Snopes на 21 септември објави дека фразата „Слава на Урина“ станала топ тема во САД на Твитер, која била проследена со „фејк видео“.

И сервисот на проверка на факти на AFP на 22 септември го дебанкираше видеото со лажната порака, укажувајќи дека се вклопува во шемата на погрешни информации со кои се таргетира Украина.

И покрај тоа што „фабрикуваното видео“ беше дебанкирано уште на 21 септември, ден потоа дузина македонски медиуми станаа жртва на руски дезинформации кои се обидоа да ја дискредитираат посетата на Зеленски во Њујорк и неговото обраќање во ОН на 20.09.2023 .

И овој случај покажува колку македонскиот медиумски простор е ранлив на руски пропагандни дезинформации, поради недоволниот капацитет на медиумите за проверка на факти.

Ж.Т. и П.С. / ИМА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.